Недвед: Роналдо се враќа од одмор и останува во редовите на Јувентус

Кристијано Роналдо три години го носеше дресот на Јувентус пред да се пресели во Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Павел Недвед, потпретседателот на Јуве, порача дека Кристијано Роналдо ќе остане и следната сезона во составот на „Старата дама“.

Имаше многу недоумици за тоа кој ќе биде следниот потег во кариерата на Португалецот, но за Недвед нема дилеми:

– Кристијано Роналдо се враќа од одмор, повикан е да дојде на 26 јули. И тој ќе остане со нас – вели Недвед за „РАИ“.

Чешката фудбалска легеда зборуваше и за другите планови во преодниот рок.

– Што ќе се случи со новиот договор за Дибала? Не би рекол дека односите не се во тек, сè се одвива според планот. Нашиот директор Черубини наскоро ќе се врати во Торино, ќе има средба со менаџерот на Дибала – додава Недвед.

Џорџо Кјелини, кој успеа да биде европски шампион со Италија, моментно е без клуб од 1 јули, но наскоро се очекува да води преговори околу можно продолжување на соработката.

– Тој е на одмор. Разговаравме, рековме дека е важно да му дадеме време да се опорави и тогаш ќе разговараме смирено за сè – вели Недвед.

Фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Јувентус ја победи Чезена со 3:1 во пријателски натпревар, тоа беше втора победа на тренерот Масимилијано Алегри по неговото враќање.

– Алегри имаше голема желба да работи повторно со сите свои соработници. Тој имаше пауза од две години, сакаше да се врати и се надеваме дека ќе победува како порано. Дали ќе има потешкотии поради Роналдо и Дибала? Задоволство е да има такви двајца играчи. Макс, кој има големо искуство, веќе знае како ќе играме. Тие сè уште не се заедно, па тој го користи тоа време да промовира некои помлади играчи – се зборовите на Недвед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот