Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

„Не“ за доживотна плата за политичарите – Словачка оди на референдум

Премиерите и претседателите на парламентот во Словачка кои служеле најмалку два мандата, во моментов уживаат привилегија на доживотна државна издршка во висина на пратеничка плата. Сепак, оваа практика наскоро би можела да стане минато, пишуваат словачките медиуми.

Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, најави дека на 4 јули ќе се одржи референдум на кој граѓаните ќе одлучуваат за укинување на доживотната издршка за високите функционери, вклучително и за актуелниот премиер Роберт Фицо по завршувањето на неговиот мандат.

Овој референдум е резултат на масовна граѓанска иницијатива организирана од вонпарламентарната опозициска партија „Демократи“. Петицијата беше потпишана од над 350.000 граѓани, што е законскиот праг потребен за распишување на народно изјаснување.

Доживотните плати за премиерите и претседателите на собранието беа воведени како дел од мерките за зголемување на безбедноста на политичарите по обидот за атентат врз Роберт Фицо во 2024 година. Претходно, ваква привилегија имаа само поранешните претседатели на државата.

Укинувањето на Специјалното обвинителство од страна на владата на Фицо претходно предизвика масовни протести во Словачка и сериозни критики од Европската унија. Критичарите сметаат дека овој потег е обид да се заштитат луѓе блиски до власта кои биле под истрага за корупциски скандали.

Иако незадоволството е големо, историјата на референдумите во Словачка покажува низок степен на успешност. Единствениот успешен референдум досега бил оној за членството во ЕУ во 2003 година, додека сите останати пропаднале главно поради недоволна излезност на гласачите.

 

Фицо ги спушти осигурувачите – Словачка го прекина снабдувањето на Украина со струја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот