Не верувам дека некој ќе преземе радикални чекори, вели Груби откако Таравари изјави дека е можно да ја напушти Владата

Фото: Влада на РСМ

Оваа Влада има мандат уште месец или два највеќе, потоа следува техничката влада, така што не мислам дека било кој од нас ќе преземе какви било радикални чекори, кои што потоа ќе го чини многу за време на предизборната и изборната кампања, одговори вицепремиерот Артан Груби на вчерашната изјава на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари дека е можно неговата партија да ја напушти Владата оти се уште не е изгласан Законот за амнестија.

– Сметам дека односите кои се засега одлични помеѓу сите коалициски партнери ќе продолжат се до техничката влада некаде до крај на јануари почеток на февруари и ќе продолжиме со нашите напори и придонеси и со европската агенда на Владата, рече вицепремиерот Артан Груби.

Тој смета дека политичките партии ќе се договорат и по однос на прашањето за одржувањето на изборите.

„ДУИ е подготвена да има избори уште вчера и денес и утре, било тоа да се одвоени или заеднички и претседателски и парламентарни. Така да било која одлука да се донесе ние сме подготвени да ја поддржиме и да учествуваме, но и да победиме на тие избори. Мислам дека ќе се отвори дијалог помеѓу сите политички партии и ќе се донесе заедничка одлука од сите учесници во изборите, рече Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот