Не сте виделе ваква баба, има 63 години, а изгледа како да има 23 (ФОТО)

Тајландската актерка, пејачка и тв-водителка Чен Меифен последните неколку дена привлече внимание на бројни светски медиуми.

Изгледа дека на многумина не им е јасно како водителката Чен Меифен „не старее“. Оваа Тајланѓанка има 63 години, а изгледа како барем „дупло помлада“ како што тврдат нејзините обожаватели. 

Instagram

Чен неодамна ја водела емисијата на националната телевизија и сите ги освоила со својата појава. Тајландската водителка носела проѕирен фустан со бисери и пердуви кои ги покривале „клучните“ делови на телото, а цената на фустанот изнесувала 15 илјади фунти.

Фустанот ги открил и нејзините затегнати стомачни мускули, а многу обожаватели се прашувале која е тајната на Чен за младиот изглед. Оваа актерка последните 30 години е активна пред малите екрани и ја носи титулата за „најзгодна тетка во Тајланд“.

Instagram

Ѕвездата на националната телевизија тврди дека својот изглед го добила благодарение на постојаното конзумирање ѓумбир и јадење супа за доручек.

„Инаку, во супата додавам и парче ѓумбир. Мислам дека поради тоа имам блескава кожа“, изјавила таа во едно телефонско интервју. Покрај здравата исхрана, Чен не може да се натера да оди во теретана, па има приватен тренер со кој вежба еднаш до 2 пати неделно.

Instagram

„Знам дека треба да вежбам. Љубоморам на оние луѓе кои одат во теретана од навика. Јас секогаш морам да се присилувам да вежбам“, признава Чен која има 52 килограми, а носи високи потпетици секој ден. Сепак, Чен е најсреќна кога може да се опушти, па тогаш носи фармерки и маица со кратки ракави.

Instagram

Тајландската водителка последните 5 години е сингл. Поминала низ тежок развод од сопругот со кој била во брак 10 години, а вели дека вербата во љубовта се уште не ја изгубила.

„Мажите сакаат млади жени, така што ми е тешко да пронајдам идеален партнер“, заклучува Чен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот