Не се мие крв со крв! Не се брише шлајм со шлајм!

Џабир Дерала / Фото: СП. архива

Срамота! Срамота! Срамота! Никогаш нема да го исперат срамот од своето име, нема ништо и никогаш да го обели нивниот образ. Историјата ќе ги запомни како арамии, насилници и убијци. И кецароши! Неспособни.

Организирале и финансирале напад врз сопствената држава, сакале да ја згазат најважната институција, да убијат свои сограѓанки и сограѓани, колеги пратеници, политички опоненти… Беа снимени на сите можни начини, доказите можеше да ги изведе и мало дете додека да трепнеш, сведоштвата беа дадени веднаш. Убијци и криминалци, без ронка свест и совест за тоа што значи да се има држава. Без чувство. Нема да споменам демократија, бидејќи не знаат што е тоа. Џган од најдолен вид!

Па уште јадат трици дека ова бил политички прогон! Тие што спроведуваа политички прогон и уништуваа цели семејства од чист хир, затоа што им се присакало така, тие зборуваат за политички прогон! Тие што спроведуваа структурно насилство, грабеж и злоупотреби со индустриски размери, тие што тепаа и крадеа кај ќе стигнат, тие што сакаа да извршат државен удар – тие ли?! Не е ова политички прогон, туку е судски процес, и тоа премногу бавен и попустлив, за нивното политичко насилство и терор.

Срамота! Срамота! Срамота! Никогаш нема да го исперат срамот од своето име, нема ништо и никогаш да го обели нивниот образ. Историјата ќе ги запомни како арамии, насилници и убијци. И кецароши! Неспособни. Со сите пари што ги украдоа, со сета помош што ја добија од надвор, со сите куртони што им служат, им успеа само кукавички да избегаат од земјата и од таму да продолжат со своите недела.

Може да им командуваат на своите куртон медиуми колку што сакаат, нема да им помогне ништо. Можат сите тролови на светот да ги испратат, да го истурат сиот измет на светот, бидејќи друго и немаат. Не се мие крв со крв! Не се брише шлајм со шлајм! Ништо нема да ги оправда, никој нема да ги одбрани. Си знаат тие добро, од таму каде што се нема враќање, од злоделата нема бегање, нема место на светот за криење. Од правдата може да избегаат, од сопствените злодела не можат. Може судот да им пресуди, може и да ги помилува. Може и Орбан и Путин да ги галат и мазат и бранат, од тоа што го сториле и сѐ уште го прават, нема бегање. Не знам со кои зборови може да им се објасни поедноставно и појасно – ништо не ги пере!

Нека продолжат со својата пропагандна војна против сопствената држава, против демократијата, против сѐ што е човечко. Нека се закануваат на новинари и на политички неистомисленици, друго и не знаат. Имаат пари, имаат моќ, имаат мафијаши и диктатори зад грб, погласни се, повалкани, порасипани, но ништо не може да им помогне да избегаат од себе. Можат да прогласуваат предавници и да прават списоци колку сакаат, можат да смислат нови атентати и напади, да одат на избори, да бидат факторизирани од глупави медиуми или од наивни политичари, но нема да им помогне ништо да станат нешто што не се. Фуј!

Предавници, еј! Ни помалку, ни повеќе, тие се дрзнуваат некого да наречат предавник. Тие се дрзнуваат да кажат дека некој бил како нив! А бе, ајде, сиктер! Гнаси!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот