НЕ САКАТЕ ГУШКАЊЕ И ДОПИРИ? Не грижете се, не е до вас

прегратка

Некои луѓе обожаваат физички контакт, да разменуваат прегратки и допири, додека пак други не би сакале ниту да се допрат случајно со некого на поминување.

Сосема е нормално да постојат луѓе кои не се физички типови, но често не можете да го забележите тоа додека всушност не се обидете да ги гушнете. Таа ситуација може да биде доста непријатна и за двете страни.

Зошто луѓето или сакаат или мразат прегратки?

Најголемиот дел уживаат во прегратка со некој кој го сакаат, било да е член на семејството, пријател или партнер. Но, колку и да се прегратките важен дел од меѓусебните односи, некои луѓе навистина не можат да го поднесат тоа, па се повлекуваат и оддаваат впечаток на диви и непристапни. Иако се верува дека такви се деца чии родители не им давале доволно физички контакт, всушност може да се случи и оние кои имале премногу прегратки да развијат аверзија.

Како да се однесувате кон некој кој не сака прегратки?

Колку и да сакате некоја личност, одолејте на тоа да ја загушите во вашата прегратка. По некое време можеби ќе попуштат, особено ако имате близок и значаен однос. Секогаш играјте на сигурно и пружете само рака, па ако забележите дека имате доволно простор, тогаш одлучете се на прегратка.

Како да ја надминете аверзијата кон физичкиот контакт?

Ако се наоѓате на другата страна, онаа која не сака гушкање, најдобро е да го дадете до знаење тоа на оние со кои се зближувате. Навикнете се на тоа дека често ќе бидете погрешно сфаќани дека не се трудите доволно или дека некого не сакате. Објаснете дека ви треба повеќе време за да воспоставите физичка врска и ставете си во глава дека нема ништо лошо во тоа некој да ве гушне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот