Не сакате да го налутите, пресврт на Болоња во чест на Миха! (ВИДЕО)
Фудбалерите на Болоња го совладаа Наполи со 2:1 во 14. коло од италијанската Серија А во натпревар полн со изненадувања. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас за Наполи беше стартер и настапи до 65. минута кога беше заменет од Д. Мертенс.
Препорачано
На стадионот „Сан Паоло“ во Неапол после првото полувреме водеа домаќините од 41. минута благодарение на Фернандо Љоренте. Израмни Андреас Сков Олсен во 58. минута, а пресвртот на Болоња го комплетираше Никола Сансоне во 80. минута.
Наполи притискаше до крајот на дуелот, а дури и во судиското надополнување на времето Љоренте погоди за израмнување, но голот после користењето на ВАР технологијата беше поништен поради офсајд.
Екипата на Болоња од клупата не ја водеше српскиот тренер Синиша Михајловиќ, но беше на денешниот тренинг.
– Можеше да се види дека поминавме цела недела со Синиша. Нема многу тимови кои на овој стадион „Сан Паоло“ можат да се вратат после негатива. Враќањето на тренерот Михајловиќ многу ни значи, сакавме да го направиме среќен, бидејќи е опасно кога ќе го налутите – низ шега коментираше Блерим Џемаили, фудбалерот на Болоња после мечот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


