Не може да ја прежали загубата: Сузана Спасовска емотивно за нејзин близок човек кој почина
Сузана Спасовска се присети на нејзин драг човек кој, за жал, веќе пет години не е меѓу нас.
Препорачано
Станува збор за виолинистот Зоран Џорлев, кој гостувал на нејзиниот концерт по повод 30 години од музичката кариера, во 2016 година. Сузана и Џорлев настапиле заедно со композицијата „Т’га за југ“, а ова видео легендарната фолк-пејачка го сподели на својата фејсбук-приказна.

Сузана Спасовска и Зоран Џорлев го снимија заедничкиот албум „Виолина и глас“ и тогаш одржаа заеднички концерт, а и приватно беа добри пријатели. Во една прилика, таа сподели и видео од овој концерт.
„Нешто мое омилено, за вас, драги пријатели! Т’га за југ! Музика, Сашо Ливрински, текст Константин Миладинов. Гудачки квартет, виолина Зоран Џорлев! Дел од концертот „Виолина и глас“, МНТ, 5 март 2014 година“, напиша Сузана за овој настап заедно со Џорлев, кој засекогаш ќе биде врежан во срцата на многумина.
Маестрото на виолина, Зоран Џорлев, го напушти овој свет на 1 јануари 2021 година. Целото семејство на Џорлев се музичари – неговиот татко, сестрата на Зоран, Софче, внукот Огнен Здравковски, неговата сестра…
Да потсетиме, таткото на Зоран, Наско Џорлев, ја има напишано убавата македонска љубовна народна песна „Не кажувај либе добра ноќ“, а Зоран и семејството често ја пееја.
Во една прилика, синот на Зоран Џорлев, Наско, емотивно се присети на една приказна која го има собрано целото семејство Џорлеви на едно место. Станува збор за славеничкиот концерт на Зоран Џорлев со пријателите, кој бил негов 40-годишен јубилеј.
ФОТО | Сузана Спасовска денеска слави и роденден и именден: „Тивка радост во мене!…“


