Не можам да ги разберам сомнежите кај граѓаните за проектот „Бехтел и Енка“, вели Груби

Бехтел и Енка / Фото МИА

„Не можам да ги разберам сомнежите кај граѓаните што ги имаат за проектот „Бехтел и Енка“, изјави првиот вицепремиер Артан Груби во вечерашното гостување на „Сител“, коментирајќи ја последната анкета во која голем дел од граѓани искажуваат став дека се сомневаат оти има корупција во овој проект.

„Се работи за еден огромен проект којшто е многу транспарентен, потпишан по усвоен закон во Собранието. Потврден од страна на Уставниот суд – двапати, не само еднаш. Целата постапка беше транспарентна, вклучени беа и други институции. Го повикавме и ВМРО-ДПМНЕ, имаше резервирано место за нив“, рече Груби.

Тој додаде дека граѓаните „биле ставени во заблуда“ од страна на опозициската кампања и медиумската кампања против проектот за изградба на автопатските коридори во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот