Не фрлајте сѐ во ѓубре: Искористете ги и лушпата и семката од авокадото, еве како…

Фото: Пиксабеј

Авокадото кај нас многу ретко се консумира. Сепак, во последно време се зголемува бројот на оние што сакаат да го јадат, при што се внесуваат здрави масти во организмот, кои се исклучително важни.

Но, откако ќе го изедете внатрешниот дел од авокадото, ги фрлате лушпата и семката, веднаш престанете да го правите тоа, бидејќи овие делови од авокадото можете паметно да ги искористите.

Засадете авокадо

Можете да ја претворите семката од авокадото во прекрасно растение. За да го направите ова, ќе ви требаат три чепкалки за заби, чаша вода и дневна светлина.

Прободете ја семката со чепкалки за заби, така што коренот е потопен во вода, а остатокот од семката над површината на водата. Ставете ја семката на светло место.

Стеблото треба да никне за само неколку недели. Кога ќе достигне 5 сантиметри, засадете го во почва богата со хранливи материи.

Фото: Пиксабеј

Чај од авокадо

Доколку сакате да подготвите чај од авокадо, во тенџере на оган ставете да се загрее околу 300 милилитри вода. Во зовриената вода ставете ги семката и лушпите од плодот. Оставете да се варат околу 10 минути. Потоа процедете и можете да го пиете чајот од авокадо.

Направете прав од авокадо

Оставете ја семката од авокадо на прозорецот на сонце да дехидрира. Откако комплетно ќе се исуши, измелете ја најситно што можете. Потоа добиениот прав од авокадо можете да го користите како додаток во десерти или во вашето омилено смути.

Фото: Пиксабеј

Подгответе смути

Семките од авокадо содржат масни киселини, диетални влакна и некои протеини, како и антиоксиданти што го намалуваат крвниот притисок. Можете да ги поделите на два дела со нож и да ги додадете во мешалка во која подготвувате смути со останатите состојки. Најдобро одговара со кокос, манго и слива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот