Не фрлајте ја кората од портокал – Доколку се користи вака, го лекува срцето, ги смирува воспаленијата, го регулира притисокот!

Кората од портокал е можеби и полековита од самиот плод… Повеќето ја фрлаат кората од портокал, а тоа е голема грешка. Многумина не се свесни дека самата кора е побогата со витамини, минерали и други хранливи материи кои имаат неверојатни лековити својства.

Во кората има 200 пати повеќе влакна отколку во самиот плод, но и два пати повеќе калциум, 55 видови на флавоноиди и повеќе од 170 различни видови на фитонутриенти. Во кората од портокал се наоѓа многу мала количина на маст, додека холестеролот и натриумот воопшто ги нема.

Profimedia
Profimedia

Можете да користите свежа кора или да ја исушите и од неа да направите чај. И една друга варијанта носи многу бенефити и убавина и здравје за целиот организам.

Еве за што сè е добра кората од портокал:

Го штити срцето
Чајот од кората од портокал ќе го заштити срцето така што ќе го регулира нивото на крвен притисок, а тој е еден од најчестите виновници за срцевите болести.

Го зајакнува имунитетот до максимум
Добро е познато дека портокалот поради големата количина на витамин Ц го подобрува имунитетот. Токму како и самиот плод и чајот од портокал еднакво ќе делува на имунитетот, ќе ве заштити од настинки, главоболка, ќе го „избрка“ хроничниот замор. Покрај витаминиот Ц, во кората се наоѓа и голема количина на витамин А, кој исто така го зајакнува имунитетот.

Profimedia
Profimedia

Има антивоспалителни својства
Звучи неверојатно, но кората од портокал ја спречува и појавата на воспаление, што е еден од важните иницијални фактори за развој на многуте тешки заболувања. Тaa има антивоспалителни својства и во организмот делува многу слично како индустриските лекови кои имаат за цел да ги запрат воспалителните процеси во човековото тело.

Ги ублажува респираторните проблеми
Доколку јадете свежа кора од портокал, ќе го исфрлите секретот и ќе ги исчистите белите дробови. Многу истражувања докажале дека кората е многу ефикасна во лекувањето на респираторните тешкотии. Ги ублажува симптомите на асма, бронхитис, а се верува и дека ги уништува клетките на рак во белите дробови.

Го уништува лошиот здив
Џвакањето на кората од портокал ќе ви овозможи многу брзо да се ослободите од непријатниот здив и да ги избелите забите.

Jа поправа состојбата на кожата
Помешајте изрендана кора од портокал и малку мед и нанесете ја на лицето. Оваа маска ќе ви го изедначи тенот и ќе ви ја врати еластичноста и сјајот на кожата.

Profimedia
Profimedia

Вака се подготвува чајот:

Подготовката на овој напиток е крајно едноставна. Пред да ја употребите кората, потребно е добро да ја измиете. Растворете лажица лимонов сок и лажица оцет во шолја вода, па потопете ја кората од портокал, со цел ефикасно да ги отстраните сите штетни материи.

Потоа чувајте ја кората на темно место додека да се исуши. За тоа е потребно малку подолго време, околу еден месец. Исушената кора тогаш можете да ја подготвувате за чај.

Исушената кора се прелева со врела вода и се остава да отстои 5 минути. Потоа слободно можете да уживате во одличниот оригинален вкус на овој чај.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот