Не е време за попуштање на анти-ковид мерките во Србија, смета член на Кризниот штаб

Тоа го изјави за Политика, Бранислав Тиодоровиќ, член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот. То додава дека ништо не може да се промени се додека не почне ситуацијата да се смирува.

Ковид болниците во Србија се „преполни” со пациенти и не е време за олеснување на мерките. Тоа го изјави за Политика, Бранислав Тиодоровиќ, член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот. То додава дека ништо не може да се промени се додека не почне ситуацијата да се смирува.

Тiодоровиќ вели дека има многу повеќе заразени отколку регистрирани и дека некои, претежно млади луѓе со поблага клиничка слика, не се јавуваат за тестирање, затоа што не сакаат да бидат во самоизолација.

Тој исто така оцени дека е неопходна добра кампања со цел вакцинацијата да опфати поголем процент од популацијата, што во моментов е најслабата алка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот