Не е исклучено на РК Вардар да му се приклучат нови ракометари

Првиот тренинг вардарци го имаа во училишната сала во ОУ „Круме Кепески“/Фото: Денис Дуковски/РК Вардар1961

Македонскиот шампион Вардар ги почна подготовките за новата сезона во која нема да настапи во Лигата на шампионите, туку во домашното првенство, Купот и СЕХА лигата.

Тренерот на „црвено-црните“ Владо Недановски на првата прозивка ги имаше сите ракометари на кои смета сезонава, иако не е исклучено на тимот да му се приклучат и нови ракометари кои ќе го засилат Вардар.

Поради зафатеност на салата „Јане Сандански“ првиот тренинг вардарци го имаа во училишната сала во ОУ „Круме Кепески“.

Покрај во сала, ракометарите ќе се имаат и тренинзи во теретаната во СЦ „Јане Сандански“ и на фудбалскиот стадион до салата каде и досега традиционално ги извршуваа задачите.

По завршувањето на женското кадетско СП што се одржува во Скопје, екипата се враќа во СЦ „Јане Сандански“ и ќе тренира до заминување за Струга каде ќе играат на традиционалниот турнир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот