Македонија е домаќин на Светското првенство за ракометарки до 18 години

Кадетките се освојувачи на трофејот на ЕХФ шампионатот во Клаипеда/Фото: facebook.com/rfmofficial

Нашата земја ќе го организира Мундијалот за ракометарки до 18 години и кој ќе трае од 30 јули до 10 август 2022 година.

Натпреварите ќе се играат во три сали во Скопје и во СЦ „Борис Трајковски” и двете сали во СЦ „Јане Сандански”, влез – слободен.

На Светското првенство ќе учестуваат 32 репрезентации, а Македонија е во групата „Б“ во која противници ни се Иран, Сенегал и Узбекистан.

Распоред и термини на натпревари:
30 јули Македонија – Сенегал (20.30 ч.) СЦ „Борис Трајковски”
31 јули Македонија – Узбекистан (20.30 ч.) СЦ „Борис Трајковски”
02 август Македонија – Иран (20.30 ч.) СЦ „Борис Трајковски”

Сите најнови информации од СП можете да ги погледнете на официјалната веб страна ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот