Не е грешка, Астон Вила го „торпедираше“ Ливерпул! (ВИДЕО)

фото: твитер

Лани го освоија трофејот во Лигата на шампионите, а и сезонава очигледно станува историска, бидејќи со големи чекори „маршираат“ кон титулата и во Премиер лигата.

Но, ваквите резултати немаше да бидат, доколку во тимот не се наоѓаат квалитетни фудбалери како Мохамед Салах, Садио Мане, Роберто Фирмино, Алисон, Џердан Шаќири, Лалана, ван Дајк и останатите предводени од германскиот менаџер Јирген Клоп кој мораше да донесе значајна одлука.

Односно, денеска да настапи без најдобрите во четвртфиналето на Лига купот против Астон Вила, а главниот фокус го насочи на Светското клупско првенство во Доха.

Тоа го искористија фудбалерите на Астон Вила на најдобар можен начин на „Вила Парк“ со 5:0 го елиминираше составот на Ливерпул во кој воглавно настапија играчи од младинската У23 екипа на менаџерот Кричли.

Астон Вила сите дилеми ги реши уште во првото полувреме, Коџиа двапати се запиша во листата на стрелците, еднаш Хурихејн, а автогол си постигна Бојес. Конечниот епилог го постави Весли во самиот финиш од средбата (90+2).

На тој начин Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Лига купот (за првпат од 2012/13), а останатите три патници ќе се дознаат в среда (18 декември): Евертон-Лестер сити, Оксфорд јунајтед-Манчестер сити и Манчестер јунајтед-Колчестер јунајтед.

Кога сме кај првиот тим на Ливерпул, в среда го очекува полуфиналето на Светското клупско првенство против мексиканскиот Монтереј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот