Не е готово: Барса не сака да плати пет милиони евра за Чави

фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Ал Сад потврди, но не и Барселона дека Чави ќе биде седне на тренерската клупа на каталонскиот клуб. Каталонските медиуми тврдат дека челниците на Барса се лути на колегите од Катар поради објавувањето на информацијата, бидејќи не сакаат да ја платат откупната клаузула!

На „Камп Ноу“ сметаат дека оваа изјава има за цел да изврши притисок врз делегацијата на Барселона во Доха, составена од Рафа Јусте и Матеу Алемани.

– Клубот го прифати трансферот на Чави во Барселона откако беше платена клаузулата наведена во договорот – објави Ал Сад.

Според Радио Каталонија, операцијата во моментов е „замрзната“. Други извори јасно кажуваат дека и покрај ова недоразбирање, Барса денеска ќе објави дека нејзин нов тренер е Чави.

Значи според ваквите информации сè уште не е постигнат договор, бидејќи од „Камп Ноу“ одбиваат да платат пет милиони евра, колку што изнесува „слободата“ на Чави.

Од друга страна на социјалните мрежи навивачите на Барселона инсистираат што побрзо клубот објави дека легендата Чави ќе биде новиот тренер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот