27.8 C
Скопје

Не е фер вакцина да се добива според тоа во која општина живеете!

Сѐ повеќе граѓани реагираат дека системот за вакцинација не е правичен. Весна Алексовска, претседателка на здружението за ретки болести „Живот со предизвици” за „Слободен печат“ вели дека неприфатливо е репер за тоа кој прв ќе се вакцинира, да биде општината во којашто живеете, наместо здравствената состојба.  Таа вели дека е најзагрижена за луѓето со ретки болести на белите дробови.

– Постојат луѓе со ретки болести што не излегле од дома година и половина од страв, особено оние што имаат ретки болести што ги напаѓаат белите дробови. Од друга страна, во некои градови се пуштени повеќе термини за вакцинација и има поголемо количество вакцини отколку што има возрасни пријавени граѓани. Системот не е соодветно направен. Зошто пуштиле повеќе вакцини отколку што има интерес и зошто не ги пренамениле потоа во други градови каде повозрасни чекаат на ред за имунизација за тие да се вакцинираат, а не вакцините да одат кај дваесетгодишни или триесетгодишни лица? Ниту една вакцинација не треба да зависи од општината во која живееме. Тоа е неправеден систем. Зарем е во ред да добиеш вакцина ако си од Кавадарци или од Гевгелија, а да не добиеш ако си од Битола или од Прилеп? Toa не треба да се случува никаде ако системски решиле да го вакцинираат прво постарото население. На овој начин се дискриминираат прво младите во другите општини каде за нив нема вакцини, старите од други општини кои уште не добиле вакцини, семејствата со ретки болести кои чекаат вакцини, хронично болните кои исто така чекаат, вели Алексовска за „Слободен печат“.

Министерството за здравство информираше дека термини за вакцинација добиле сите граѓани над 40-годишна возраст од Скопје, коишто до 30 април изразиле желба за вакцинирање преку веб-страницата „вакцинација.мк“. Оттаму најавија дека во следните три дена и од останатите градови во земјава термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40-годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање. Сепак, коментарите на граѓаните на социјалните мрежи, по објавата дека сите скопјани над 40-годишна возраст веќе имаат термин за вакцинација, сѐ дека тоа не е точно. Министерството за здравство ги упатува оние граѓани кои се пријавиле на „вакцинација.мк“, имаат повеќе од 40 години, а не добиле порака со термин за имунизација, да проверат кај матичниот лекар за терминот, зашто тој е искреиран, но најверојатно поради неажурирани податоци или технички проблеми, не е пратена порака.

Претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова-Дервишова вели дека во секојдневната пракса се соочува со проблем, граѓаните да ги менуваат телефонските броеви, меѓутоа тоа да не го пријавуваат кај матичниот лекар.

– Таа порака од „Мој термин“ нема како да се испрати до пациентот ако тој го променил телефонскиот број во меѓувреме, а за тоа не го информирал матичниот лекар. Тоа е едниот проблем, неажурирањето на податоците кај матичните доктори. Второто е тоа што има граѓани кои се позитивни и не можат да се јават на вакцинација. Процесот е комплициран и има многу различни ситуации, вели доктор Чолакова Дервишова.

Веќе е почната приоритетната вакцинација за пациентите на дијализа и оние кои имале трансплантација. Станува збор за 1 800 граѓани за кои беа направени списоци за итно вакцинирање. Поголема количина на вакцини минатата недела пристигна од Кина, вкупно 100 илјади дози, по што беа искреирани голем број на термини за вакцинација. Вкупно 353 447 граѓани досега изразиле интерес да се вакцинираат во земјава. Вакцинирани се 167 285 лица.

Поврзани вести

Главен научник на СЗО: Разочарува резултатот на вакцината „КјурВак“

Слободен печат

ВИДЕО | Вознемирувачка ситуација: Мечка влегла во град во Јапонија, четири лица се повредени

Слободен печат

Гебрејесус: Очекувам Гвинеја да прогласи крај на епидемијата на ебола

Катерина Стевовска

Штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија

Слободен печат

Приведен дилер од Битола, пронајдени кокаин и марихуана

Слободен печат

Генералното собрание на ОН му изгласа втор мандат на Гутереш

Слободен печат

Остави Коментар