Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

НБА: Кливленд против Њујорк во финалето на Источната конференција

Кошаркарите на Кливленд кавалирс се пласираа во финалето на плејофот во Источната конференција во НБА лигата откако го победија Детроит со 125:94 (31:22, 33:25, 35:26, 26:21) во решавачкиот седми натпревар од полуфиналната серија на гостински терен.

Детроит пистонс беа на една победа од својот прв пламан во финалето на Истокот од 2008 година.

Кливленд победи убедливо и се враќа во финалето на Источната конференција за прв пат од 2018 година. Негов ривал ќе биде Њујорк никс, а серијата започнува во среда од 02.00 часот по средноевропско време.

Најефикасен играч во победничкиот тим беше Донован Мичел со 26 поени, осум асистенции и шест скокови. Џарет Ален и Сем Мерил постигнаа по 23 поени. Еван Мобли придонесе со 21 поен, 12 скокови и шест асистенции.

Пистонс беа предводени од Данис Џенкинс со 17 поени и пет асистенции. Кејд Канингем и Данкан Робинсон постигнаа по 13 поени. Само Карис Леверт постигна двоцифрен број поени, вкупно 11.

Екипите на Оклахома сити и Сан Антонио ќе се сретнат во финалето на Западната конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот