Навивачи глумеа тепачка, па го изненадија полицаецот со роденденска торта! (ВИДЕО)

принтскрин/твитер

Полицаецот Чакин беше сам и мораше да интервенира, но остана во чудо и беше одушевен од потегот кој го направија домашните фанови на Афјонспор.

Натпреварот од третата турска фудбалска лига помеѓу Афјонспор и 1922 година Коњаспор (4:0) беше одбележан со тепачка од навивачите минатата недела.

Така мислеше полицаецот Енгин Чакин кој го повикаа да интервенира на трибината кај домашните навивачи.

Неколку десетици навивачи „се тепаа“ на трибините, а Чакин целосно сам мораше да ги смири. Тој се најде меѓу нив, навивачите веднаш запреа и почнаа да му пеат „Среќен роденден“.

Чакин остана во чудо, фановите знаеја дека слави роденден на денот на натпреварот, а еден од нив донесе и торта.

– Немаш избор и мораш да се јавиш на интервенцијата. Не ми беше лесно, но кога видов што се случува, бев одушевен. Горд сум на својот однос со навивачите и им се заблагодарувам од срце – рече Чакин пред турските новинари.

Освен тоа, сето тоа беше крунисано со победа на домашната екипа Афјонспор со 4:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот