Навални пренесен во затворската болница

Рускиот политичар Алексеј Навални/фото EPA

Здравствената состојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални е „задоволителна”, но тој е преместен во затворска болница, објави денеска затвоската управа.

Здравствената состојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални е „задоволителна”, но тој е преместен во затворска болница, објави денеска затвоската управа.

Исто така во соопштението се наведува дека Навални секој ден е прегледуван од општ лекар и оти болницата е специјализирана за „динамично набудување на такви пациенти”.

– Пациентот даде согласност да му бидат препишани витамини, се наведува во соопштението.

Навални штрајкува со глад повеќе од две недели во знак на протест против недостатокот на медицинска нега во затворот. Неговите адвокати постојано алармираа за неговото влошено здравје, предупредувајќи на можна срцева слабост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот