Научниците ја открија слабата точка на Ковид-19

Американските научници од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на Ковид-19.

Експертите тестирале терапевтско средство против коронавирусот и откриле дека 3CLpro е основниот ензим во развојот на вирусот САРС-КоВ-2, пренесува порталот „СајенсМаг“.

Коронавирусните 3CL-протеази се силни терапевтски цели, бидејќи тие играат клучна улога во репликацијата на коронавирусот. При користење на пронајдените инхибитори на оваа протеаза кај лабораториски глувци, се покажа дека овој препарат ја запира репликацијата на вирусот.

Научниците наведуваат дека таквото влијание врз слабата точка на вирусот овозможува да се блокира репродукцијата не само на МЕРС, туку и на коронавирусот МЕРС-КоВ и САРС-КоВ-2.

Според експертите следниот чекор треба да биде тестирање на ефективноста на лекот кај луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот