Научниците предупредуваат: Средствата за коса може да предизвикаат рак на матката

Фото: Профимедиа

Појавата на ретки и агресивни форми на рак на грлото на матката е во пораст, а новата студија сугерира дека зацврстувачите за коса може да биде еден од виновниците.

Речеси 11 години, експертите од американскиот Национален институт за наука за здравјето и животната средина (НИЕХС) следеле 33.947 возрасни жени, од кои во тој период, 378 развиле рак на грлото на матката.

Оние кои користеле хемиски зацврстувачи и исправувачи на косата повеќе од четири пати годишно, имале 155 отсто поголеми шанси да развијат рак на грлото на матката, во споредба со оние кои никогаш немале таков третман.

За перспектива, оние кои никогаш не користеле зацврстувачи/исправувачи за коса имале 1,64 отсто шанси да им биде дијагностициран рак на грлото на матката до нивниот 70-ти роденден. Тој процент се искачува на 4,05 отсто кај оние кои често ја зајакнуваат косата со хемикалии.

„Овие наоди се првиот епидемиолошки доказ за поврзаноста помеѓу хемикалиите за зацврстување/исправување на косата и ракот на грлото на матката“, велат научниците од НИЕХС.

Загрижувачките резултати доаѓаат како дел од големата серија студии за широката употреба на хемикалии, а кои го нарушуваат ендокриниот систем – хемикалиите кои во нашето тело ги поврзуваат хормоните со органите и другите системи.

Вишокот на хормони, како што се естрогенот и прогестеронот, веќе e докажано дека влијаат на развојот на рак на грлото на матката, а многу производи за коса можат да ги имитираат овие природни хормони во телото и да се врзат за нивните рецептори.

Уште во 2018 година, истражувачите идентификуваа хемикалии кои го нарушуваат ендокриниот систем во 18 производи за коса. Уште полошо, 84 отсто од тие хемикалии не биле наведени во нивните декларации, а 11 производи содржеле хемикалии кои се законски забранети во ЕУ и во некои американски држави.

Во моментов, федералните регулативи во САД бараат тестирање на активноста на рецепторите на естрогенот само кога станува збор за пестициди и загадувачи на водата за пиење. Производите за коса се изоставени, а тоа може сериозно да му наштети на јавното здравје.

Во 2019 година, една студија финансирана од Националниот институт за здравје (НИХ) открила дека трајните бои за коса и хемикалиите за исправување на косата се поврзани со поголем ризик од рак на дојка, особено кај црните жени кои почесто ги прават овие третмани.

Во 2021 година, дополнителна студија покажа дека трајната боја за коса и хемикалиите за исправување на косата се исто така поврзани со поголем ризик од рак на јајчниците.

Сега на листата може да се додаде и ракот на матката.

Истражувачите на НИХ сè уште откриваат кои специфични хемикалии во производите за коса може да ги објаснат поврзаните канцерогени ефекти, но парабените, фталатите и формалдехидот се некои од водечките осомничени.

Човечкиот скалп, исто така, лесно ги апсорбира хемикалиите кои не можат да поминат низ подебелите делови на кожата или оние со помалку фоликули на влакна, како што се дланките на рацете или стомакот. „Пеглањето“ или фенирањето на косата исто така може термички да ги разложи хемикалиите на косата, што доведува до потенцијално поопасни ефекти.

„Забележавме посилни асоцијации со употребата на пеглањето на косата кај жени со мала физичка активност“, пишуваат авторите.

Тие додаваат дека „физичката активност е поврзана со намаленото ниво на полови стероидни хормони и помалку хронични воспаленија, жените со поголема физичка активност може да бидат помалку подложни на други фактори на ризик за рак на матката“.

Меѓутоа, потребни се повеќе студии за да се разбере меѓусебната врска помеѓу физичката активност и употребата на производи за коса со ракот на матката.

Околу половина од сите жени во САД користеле трајна боја за коса во одреден момент, а третманите со кератин стануваат сè попопуларни.

Фризерите и нивните клиенти заслужуваат да знаат што овие производи прават на нивното здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот