НАТО: Неосновани се тврдењата за распоредување војска на границата со Белорусија

Лукашенко
Лукашенко

НАТО ги негираше овие обвинувања, велејќи дека не претставува никаква закана за Белорусија или која било друга земја и не распореди војници во областа.

НАТО денеска како неосновани ги отрфрли тврдењата на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека странски сили организираат распоредување војници на границата со таа земја.

Лукашенкo вчера го обвини НАТО дека се обидува да ја подели Белорусија и да назначи нов претседател во Минск. Тој додаде дека подготовките се во тек во Полска и Литванија и истакна дека ги пренел белоруските вооружени сили во западната граница на земјата.

НАТО ги негираше овие обвинувања, велејќи дека не претставува никаква закана за Белорусија или која било друга земја и не распореди војници во областа.

„Нашата политика е строго дефанзивна”, сооошти НАТО.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека „режимот по секоја цена се обидува да го сврти вниманието од внатрешните проблеми на Белорусија со целосно неосновани изјави за имагинарни надворешни закани”, пренесе Би-Би-Си.

Неименуван официјален претставник на полското претседателство изјави дека идеите за тоа дека Полска планира каква било дестабилизација на границите се „пропаганда на режимот” во Белорусија.

„Полска нема таква намера”, додаде официјалниот претставник.

НАТО ја повика Белорусија да ги почитува основните човекови права на своите граѓани.

Лукашенка  му нареди на раководството на Министерството за одбрана да реагира без предупредување во случај на повреда на западната граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот