НАТО го „бетонира” источното крило со војска во Македонија

НАТО војска EPA/FEHIM DEMIR

Во нашата земја и регионот наскоро пристигнува огромна воена сила предводена од Британија. Според најавите на британската влада, НАТО сојузниците во деновиве што следат распоредуваат околу 8.000 војници на воени вежби низ Источна Европа вклучително и Македонија во знак на демонстрација на сила, по руската инвазија на Украина.

Како што пренесуваат медиумите, повикувајќи се на соопштението на британското Министерство за одбрана, воените вежби ќе започнат од следиот месец во повеќе држави кои се протегаат од Финска на север, па сѐ до Македонија а учество ќе земат повеќе земји членки на НАТО, вклучително и Франција и САД.

Консултираните домашни воено политички аналитичари велат дека Македонија не треба да стравува за својата безбедност бидејќи станува збор за стратешко разместување.

Методи Хаџи - Јанев, бригаден генерал
Методи Хаџи – Јанев, бригаден генерал / Утрински брифинг

За „Слободен печат“ генералот и универзитетски професор Методи Хаџи – Јанев вели дека навременото распоредување на воените сили на сојузниците во овој дел од Европа е превентивно бидејќи состојбите допрва ќе се влошуваат.

– Во рамките на оперативното планирање ваквите потези се прават како дел од фазата на одвраќање, во која воените состави вршат маневар разместување, набљудување стратешко разунавање со цел да влијаат кај потенцијалниот непријател на одвраќање од евенбтуална употреба на сила – појаснува Хаџи – Јанев.

Според него со оглед на тоа дека дипломатските решенија имаат се помалку шанса логично е воените сили да вршат навремено стратешко разместување на капацитети кои треба да бидат дополнителен дел во осигурување на потенциујалниот противник за сериозноста на НАТО и сојузниците.

– Ваквото стратешко разместување се приближува и кон фазата на зграбчување на иницијативата-фаза пред да се започне со главни воени операции (офанизвни, дефанзивни дејства, или спречување на ирегуларно војување – вели генералот Хаџи – Јанев.

Политички аналитичар Милан Стефаноски

Слично размислува и воено-политичкиот аналитичар Милан Стефановски кој додава дека актуелните случувања во праска покажуваат како чадорот на НАТО ја „покрива” Македонија која на овој начин доживува заштита од своите поголеми и помоќни сојузници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот