Наташа Крстевска Цалева / Фото: Журнал.мк

Наташа Крстевска Цалева ќе ја врши должноста виш скопски обвинител на местото на Хајрулахи

Советот на јавните обвинители ја определи Наташа Крстевска Цалева за вршител на должноста Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Скопје, до изборот на нов шеф на ова обвинителство, не подолго од шест месеци.

Именувањето на Крстевска Цалева на функцијата била единствена точка на дневен ред на денешната 33-та седница на Советот на јавни обвинители.

Советот на јавни обвинители на почетокот на неделава ја прифати оставката на Мустафа Хајрулахи, кој досега го водеше Вишото јавно обвинителство Скопје.

Хајрулахи беше суспендиран откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој категорично ги отфрли сите обвинувања, тврдејќи дека случајот е тенденциозен и политички монтиран со цел негово отстранување, поврзувајќи ја постапката со неговото постапување во врска со „бонусите на СЈО“.

Советот на јавни обвинители во февруари годинава ја определи обвинителката Наташа Крстевска Цалева да функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство, додека трае оддалечувањето на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот