Фото: Life Balance Chiropractic / CC00

Наставник по физичко во Грција барал учениците да го масираат, отворена е истрага

Грчките власти покренаа итна административна истрага по обвинувањата за несоодветно однесување на наставник по физичко образование во средното стручно училиште на островот Евија, во близина на Атина, кој наводно барал од учениците да го масираат.

Според обвинувањата, тој за време на лекција за техники на старогрчка масажа, наводно барал учениците да му го масираат грбот, пишува „Катимерини“.

Случајот доби внимание во јавноста откако на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа како наставникот лежи полугол на маса за масажа.

Фотографијата предизвика осуда во јавноста и набрзо беше отстранета од платформата.

За случајот веднаш биле известени надлежните од Дирекцијата за средно образование и Министерството за образование, што резултирало со итна реакција и покренување истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот