6 C
Скопје

Наставниците „во немилост“ на препишувачите

Дел до професорите и наставниците сметаат дека онлајн оценувањето на учениците нема да биде многу ефикасно и реално, бидејќи, како што посочуваат, децата се способни на сѐ и сешто кога не ги гледаат.

Бирото за развој на образованието достави препорака до сите училишта, оценувањето на учениците да биде онлајн преку платформата. Причина за ова е влошената епидемиолошка состојба.

„Предвидени се средби со физичко присуство, на кои учениците треба да се тестираат, но поради влошувањето на епидемиолошката состојба, а за да се заштити здравјето на учениците и на наставниците, доставиме допис до сите училишта со препорака оценувањето да се одвива на далечина преку платформата на која се изведува наставата. Оние наставници што не можат да утврдат оценки, можат да организираат средби на кои ќе ги видат постигнувањата и ќе утврдат оценка“, велат од Бирото за порталот Факултети.мк.

Од Министерството за образование и наука, пак, од претходно преку соопштение информираа дека има упатство за наставниците, според кое оценувањето може да биде комбинирано – наставникот да го оцени ученикот за неговото учење на далечина, а по потреба може да организира и средби со ученици, на кои ќе мора да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19: средбите со учениците ќе траат од 20 до 30 минути, а на нив може да присуствуваат најмногу до 10 ученици.  Првите оценки треба да бидат формирани до 20 ноември.

Прочитајте и...  Франција ќе преземе активности против верскиот екстремизам, претрес ќе се врши на 76 џамии

МН: Колку онлајн оценувањето ќе биде реално?

Дел до професорите и наставниците сметаат дека онлајн оценувањето на учениците нема да биде многу ефикасно и реално.

-Со оглед наусловите што ги имаме со епидемиолошката слика, онлајн оценувањето на учениците ќе биде најповолно, но не можеме да зборувамеи за најреален метод. Децата се способни на сѐ и сешто кога не ги гледаме, иако тие што се заинтересирани да учат, без разлика на кој начин се одвива наставата, секако ќе научат – вели наставничката по информатика Билјана Николова.

Таа смета дека покрај онлајн, потребно е, доколку тоае возможно, учениците да се појават на консултации со физичко присуство, за подобро да се следи нивната состојба.

Наставничката по македонски јазик Билјана С. Дивјаковска смета дека во вакви услови и онлајн оценувањето би можело да биде добра замена.

Прочитајте и...  Полициска операција во Рим, уапсени се 28 членови на криминална организација

-И онлајн оценувањето може да биде реално. Освен усно одговарање, онлајн оценувањето може да се одвиваи преку тестови кои ќе се формираат на Мајкрософт тимс. Преку овие тестови прашањата ќе бидат измешани, а ученикот ќе има право само еднаш да одговори на прашањето, па во тој случај нема договарање или преговарање. Во заднина на тестот постои и ограничување, односно за колку време требада се заврши тестот. Секако дека, доколку постои можност, одредени групи деца би можеле да доаѓаат физички и така да ги оцениме, но верувам дека и онлајн оценувањето успешно ќе функционира – вели Дивјаковска.

Царовска: Постои можност наставниците да држат часови од дома

Министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека постои можност наставниците да држат онлајн часови од своите домови, за да немора да се загрева цела училница за еден наставник.

-Разговараме со градоначалниците за рационализација на средства, да не се расфрламе со пари за загревање цела училница за еден наставник и тие пари да може да се искористат во набавка на ИТ-уреди. Кога ќе ја донесеме одлуката, ќе ја информираме јавноста – изјави Царовска.

Прочитајте и...  Пожар во болница во Москва: Најмалку две лица загинаа, повеќе од 20 се евакуирани

Нема екскурзии, учениците само на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат и за тоа се испратени упатства од Бирото за развој на образованието, рече министерката Царовска.

– Учениците може да имаат прошетка, движење, заедно со наставниците до пет километри. Од друга страна, она што се случува од минатата година, зошто агенциите не ги вратиле парите, сметам дека има уредби, а Министерството за економија имаше препораки да се дадат ваучери што ќе може да се користат во наредниот период и тоа сигурно се случило. Јас ги повикувам директорите на училиштата кои се одговорни за екскурзиите, да ги викнат родителите и да најдат заеднички јазик на кој начин тие пари од лани ќе им бидат вратени. Годинава екскурзиите не се дозволени – истакна Царовска.

Поврзани вести

СДСМ: Со илјадници апсурдни амандмани опозицијата го девалвира Собранието

Слободен печат

Дендиас и Захариева разговарале за европската перспектива на земјите од Западен Балкан

Слободен печат

Станковиќ: Целта на биткоин е да биде т.н дигитално злато – Народна банка да чува дел од своите резерви во биткоини

Слободен печат

УХМР: Утринските температури над нулата

Слободен печат

Морисон: Границите на Австралија остануваат затворени

Слободен печат

Иванка Трамп е сослушана под заклетва за случај на проневера на пари

Слободен печат

Остави Коментар