Фото: илустрација / Flickr / Lukatoyboy

Насилник од Кумановско отепал куче во кокошарник, сега ќе одговара

Вчеравечер во кумановското село Макреш бил уапсен 62-годишен жител на селото, откако, според полицијата, со тврд предмет убил куче во својот кокошарник, соопшти МВР.

„На 19.05.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т.(62) од село Макреш, општина Старо Нагоричане, затоа што во неговиот кокошарник со тврд предмет усмртил куче. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Жена прегазена на улица во Карпош – возачот избегал, но полицијата го пронајде

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот