Нашиот алпинист Мурсели учествуваше во спасувањето на девојче кое поминало цела недела под урнатините

Фото: Надир Мурсели

Алпинистот и спасител Надир Мурсели, кој самоиницијативно, со автобус замина во Турција за да помогне во извлекувањето на преживеаните по катастрофалниот земјотрес, учествувал во извлекување на девојче кое поминало цели седум дена под урнатините.

-Околу 13 часот само што го извадивме девојчето Ирмак, голема радост имавме тука. Откога се слушна глас, три-четири часа работевме за да ја извадиме од урнатините. Големо чудо е како преживеала.Таа беше седум дена под урнатините, а зградата приближно е седум-осум ката, информира 45-годишниот спасувач од Тетово.

Мурсели од 9 февруари е во областите најмногу погодени од двата силни потреса од минатата недела, во градот Кахраманмараш, на југоистокот од земјата.

Тој со автобус тргна од Тетово до Истанбул, каде негови роднини му помогнале да го продолжи патувањето до погодените области. До Адана заминал со авион и потоа со други тимови на спасувачи, повторно со автобус четири часа патувале до Кахраманмараш.

Мурсели помага и како преведувач за тимовите од Балканот, бидејќи течно го зборува турскиот јазик.

Алпинистот Надир Мурсели од Тетово сам, со автобус отиде во Турција да помага во спасувањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот