„Направи огромна грешка“: Сопругот ја изневерил Натали Портман со 25-годишна активистка

Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER/Инстаграм/Камил Етјан

Американската актерка Натали Портман и францускиот балетан Бенџамин Мијипје моментално се обидуваат да го спасат својот брак, откако таа открила дека тој имал афера со 25-годишна девојка, објави „Пејџ сикс“.

Парот, кој се венча во 2012 година, веќе се раздели минатата година, но успеа да ги надмине проблемите во врската.

Новите фотографии, направени во Франција, сугерираат на тоа дека Мијипје бил прилично близок со младата еколошка активистка Камил Етјан.

„Натали и Бен сѐ уште се заедно и се обидуваат да ги решат работите. Бен прави сѐ што може за да ја убеди Натали да му прости. Тој ја сака и неа и нивното семејство“, вели извор за „Пејџ сикс“.

Натали Портман и Бенџамин Мијипје на минатогодишната оскаровска забава / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

„Приватноста ѝ е важна на Натали и, моментално, најмногу сака да ги заштити нивните деца“, додава изворот.

Наводната афера „траела кратко“ и сега е „готова“, пишува списанието „Пипл“, а Мијипје ја нарекол „огромна грешка“.

Портман неодамна го промовираше нејзиниот нов филм „May December“ на Канскиот филмски фестивал, па уште од тогаш имаше гласини дека нејзиниот брак е на „стаклени нозе“. Славните сопружници последен пат беа заедно фотографирани во Франција во мај, кога беа објавени и фотографии на кои се бакнуваат за време на вечера.

Имено, младата активиска е позната по своите кратки филмови за животната средина и ја напиша книгата „Pour un soulèvement écologique: Dépasser notre impuissance collective“ („За еколошко востание: надминување на нашата колективна немоќ“).

Камил Етјан / Фото: Инстаграм/Камил Етјан

Како потсетување, Портман и Мијипје се запознаа во 2009 година, на снимањето на оскаровскиот филм „Black Swan“. Имено, тој ја направи кореографијата за овој филм.

Двојката се вери во 2010 година, а направија свадбена церемонија во 2012 година.

Портман беше бремена со нивното прво дете за време на доделувањето на Оскарите во 2011 година, кога таа ја доби оваа престижна филмска награда во категоријата за најдобра актерка, за нејзината изведба во „Black Swan“.

„За мојата љубов, Бенџамин Мијипје, кој ја направи кореографијата за овој филм и ми ја подари најважната улога во мојот живот“, рече таа тогаш, покажувајќи кон нејзиниот труднички стомак.

Тие имаат две деца – Алеп (12) и Амелија (6).

Познатата двојка на доделувањето на Оскарите во 2011 година / Фото: EPA/ANDREW GOMBERT

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот