НАПРАВЕТЕ И ГО ОВА НА ЖЕНАТА И ЌЕ БИДЕТЕ НЕЈЗИН КРАЛ: Само една работа ве дели од МАЈСТОР ВО КРЕВЕТОТ! – Слободен печат
ЕспресоСекс

НАПРАВЕТЕ И ГО ОВА НА ЖЕНАТА И ЌЕ БИДЕТЕ НЕЈЗИН КРАЛ: Само една работа ве дели од МАЈСТОР ВО КРЕВЕТОТ!

Жените јасно и отворено укажаа на тоа дека многу е поважно што се случува во предиграта отколку во финалето. Прочитајте што се им е потребно за оргазам.

Кога станува збор за сексот, за да ја задоволите жената, на ум треба да имате една работа.

Ако сте како повеќето жени, тогаш за уживање во сексот ви е потребно многу повеќе од обична пенетрација. Неопходно е партнерот да им посвети време и на другите делови од вашето тело.

Неодамнешното истражување, во кое учествуваа жени на возраст од 18 до 94 години, покажа дека само пенетрацијата задоволила само 18,4 проценти од нив. За да се достигне оргазмот, 36,6 проценти имале потреба и од стимулација на клиторисот, а останатите 36 проценти од жените кажале дека неговата стимулација е неопходна и пред самиот секс.

Научниците дошле до сознание дека и различните стимулации на клиторисот даваат различни резултати. Ритмичките движења го достигнале посакуваното во 81,7 проценти од случаите, кружните во 78,3, промената на брзината во 76 проценти од случаите, промената на силата на притисокот во 75,8 проценти и забавувањето на работите при крај во 73,6 проценти од случаите.

Повеќето жени укажале на тоа дека полесно доживуваат оргазам ако партнерот им посвети доволно внимание, доколку почувствуваат интимност со него и ако нивниот клиторис е стимулиран во текот на сексот.

Жените отворено укажале на тоа дека е многу поважно што се случува во предиграта отколку во финалето. Истражувањето открило дека дури 80 проценти од жените секогаш доживуваат оргазам во сексот со жени, бидејќи знаат што најмногу ги стимулира, додека само 65 проценти од жените доживуваат секогаш оргазам со маж.

Комуникацијата во врската е најдобра. Следниот пат отворено кажете му на партнерот што сакате бидејќи тој не може да ви ги прочита мислите. Изразете ја отворено вашата потреба и тој ќе знае каде треба најмногу да се потруди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close