Направете го овој спасоносен природен лек, ја елиминира упорната Ешерихија коли

болка стомак
Фото: Профимедиа

Кој се соочил со инфекција на уринарниот тракт знае колку болна и упорна може истата да биде. Константното чувство како да мора да мокрите, иако тоа никако не ви успева, е пропратено со болка е притисок.

И откога ќе успеете да се измокрите, чувството е исклучително болно. Добрата вест е дека ова воспаление можете да го смирите и по природен пат, со ефикасни природни антибиотици.

За инфекциите на уринарниот тракт во 90 отсто од случаите за виновна е бактеријата Ешерихија коли. За да се излекувате од инфекцијата на природен начин, ви претставуваме еден од најпопуларните природни антибиотици, кој веќе после првиот третман би требало да го отстрани овој непријатен проблем и да ја спречи неговата брза повторна појава.

Кога четири природни состојки, секоја со своето благотворно дејство, ќе се соединат, добиваме моќен лек, кој проверено им помага и на оние кои со години се борат со упорната бактерија Ешерихија коли.

Помешани во вистинска мерка, коренот од магдонос, лимонот, медот и маслоновото масло со своите моќни антибиотско и антивирусно дејство успешно ќе ја отстранат здодевната бактерија.

Потребни состојки:

250 г корен од магдонос
250 г лимон со кора
250 г мед
200 мл маслоново масло

Подготовка:

Коренот од магдонос и лимонот со кора исечкајте ги ситно, а потоа сите состојки, влучувајќи ги медот и маслиновото масло, измиксајте ги во блендер. Ќе добиете кашеста смеса која треба да ја чувате во фрижидер.

Употреба:

ОД природниот лек земајте по една голема лажица секое утро. Откако ќе ја потрошите целата смеса, бактеријата би требало да е веќе уништена.

Напомена:

За да не биде токсична кората, лимонот треба да биде домашен и непрскан. Доколку лимонот сепак го купите од продавница, ставете го да отстои во ладна вода во која сте додале малку сода бикарбона, а потоа добро измијте го.

Дополнителни совети кои ќе ви бидат од корист кога имате воспаление на мочниот меур и на уринарниот тракт

Пијте многу вода

Иако ова не звучи како некој посебен лек, но токму доволниот внес на течности е нешто најважно што можете да го направите за својот меур. Освен што водата може да помогне да го „измиете“ бактеријата уште поважно е што при мокрењето ќе имаме што да исфрлиме од себе. Консумирајте ги препорачаните осум чаши вода па дури и повеќе и тоа ќе го забрза процесот на „чистење“ од бактериите.

Одете редовно во тоалет

Немојте да ја задржувате урината или да го одложувате одењето во тоалет. Имено, со задржувањето им помагате на бактериите уште повеќе да се размножат. Со редовното одење во тоалетсе намалува нивниот број и шансата инфекцијата да се разгори.

Пијте чај од магдонос

Магдоносот делува како диуретик, а освен што оваа напивка е освжувачка ќе го забрза процесот на заздравување. За да ја ублажите или спречите уринарната инфекција потребно е да пиете чај од магдонос. За чај се потребни две мали лажици од сув магдонос и 250 мл ода. Во завриена вода ставете магдонос и оставете да отстои од шест до 10 минути.

Грицкајте краставици

Благодарение на големата количина вода која го содржи овој зеленчук е идеално за „чистење“ на меурот. Ќе ви обезбеди доволно течности и ќе ви помогне полесно да се ослободите од бактериите.

Загрејте го долниот дел од телото

Кај уринираните инфекции стомакот не е само болен при мокрењето. Инфекцијата може да предизвика константна непријатна болка во долниот дел. За да ја ослесните болката може да помогне топлина која ќе ги опушти мускулите и ќе ги отстрани грчевите кои предизвикуваат болка. За ова може да ви послужи топол термофор.

Пијте сок или чај од брусница

Брусницата често се користи во лекувањето на болестите на уринарниот тракт. Состојката од брусницата е заслужна за спречување на залепување на бактеријата Ешерихија коли на ѕидовите на меурот и нејзино понатамошно размножување. За превенција се доволни две чаши незасладен сок од брусница дневно.

Совет плус: Избегнувајте чоколада, кофеин и цитруси бидејќи тие можат да предизвикаат иритација на слузокожата и на ѕидовите на меурот и да им помогнат на бактериите полесно да се вгнездат. Цитрусите пак можат да ја зголемат киселоста во урината па мокрењето ќе биде поболно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот