Направена e од само 2 состојки, а ја затегнува кожата подобро од ботоксот: Ако имате над 40 години, мора да ја пробате оваа маска! (РЕЦЕПТ)

Оваа домашна маска длабоко ја храни кожата и ја враќа нејзината еластичност. Ако редовно ја користите оваа маска, ќе забележите значителни резултати и промени во вашата кожа.

Природните маски се секогаш подобар избор. Наместо да трошите пари на скапи креми, направете ја сами оваа маска и гледајте како исчезнуваат дури и најдлабоките брчки.

Маската се прави супер брзо, а за подготовка ќе ви требаат само 2 состојки:

Измешајте 2 лажици полномасен јогурт и една лажица сок од лимон. Мешајте убаво додека не добиете хомогена смеса. Ако е премногу ретко, додадете уште една лажица јогурт и најдобро би било да користите грчки јогурт.

Нанесете ја маската на претходно исчистеното лице и оставете ја да делува 20 до 30 минути. Додека маската се суши, ќе почувствувате како кожата на лицето малку се затега.

Исплакнете ја маската со млака вода и потоа продолжете со грижата како што правите вообичаено. Практикувајте ја оваа маска 2 пати неделно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот