Напад на талибанците во Авганистан, најмалку шест загинати

Фото: EPA-EFE/SAYED MUSTAFA

Седумдневниот период на намалено насилство помеѓу талибанците и САД почна во саботата. Од почетокот на „намалено насилство“ авганистанските власти соопштија за помали инциденти во провинциите Кандахар, Балх, Урузган и Пактија.

Најмалку шест лица загинаа, а петмина се повредени во напад на талибанците во авганистанската северна провинција Балх, на третиот ден од „намалување на насилството“.

Талибанците утрово нападнаа контролен пункт во областа Чахар Кинт, при што загинаа шестмина, меѓу кои и цивил, изјави гувернерот на округот Салима Мазари.

Седумдневниот период на намалено насилство помеѓу талибанците и САД почна во саботата.

Од почетокот на „намалено насилство“ авганистанските власти соопштија за помали инциденти во провинциите Кандахар, Балх, Урузган и Пактија.

Талибанците денеска киднапираа и гувернер заедно со уште двајца вработени во владата во северната провинција Саманган. Талибанците се уште не презедоа одговорност за киднапирањето.

Претходно, портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид, изјави за германската новинска агенција ДПА, дека за време на еднонеделното „намалување на насилството” нема да има напади врз поголемите градови, воени корпуси, гарнизони и бази кои припаѓаат на меѓународните сили.

Муџахид додаде дека сите напади надвор од поголемите градови не треба да се сметаат за кршење на намалувањето на периодот на насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот