Наоми Кемпбел за зависноста од дрога: Траумите и тагата од детството ме турнаа кон порокот

Фото: Profimedia

Британскиот модел Наоми Кемпбел во новиот документарен филм „The Super Models“ откри дека зависноста од дрога во деведесеттите „речиси ја убила“.

Кембел тогаш беше на врвот на својата манекенска кариера. Таа призна дека се свртела кон кокаинот за да заборави на траумата од детството и да се помири со смртта на италијанскиот дизајнер и близок пријател Џани Версаче.

„Една од работите што се обидував да ја сокријам беше тагата. Зависноста е таква. Тоа е опасна работа, навистина е. Мислите дека ќе ја залечи раната, но нема. Тоа може да предизвика многу страв и вознемиреност“, изјави легендарниот модел.

Наоми Кембел на Модната недела во Милано во 1997 година, во креација на Џани Версаче / Фото: EPA

„Џани ме мотивираше да излезам и да продолжам понатаму кога не мислев дека можам. Кога умре, мојата тага стана преголема“, додала таа.

Наоми Кембел и Џани Версаче во 1996 година / Фото: THOMAS COEX / AFP / Profimedia

Пет години се борела со зависноста, а во 1999 година колабирала за време на снимање. Тогаш, вели таа, сфатила дека мора да се пријави за рехабилитација.

„Тоа беше една од најдобрите работи што можев да ги направам за себе во тоа време. Беше страшно да се погледнам во огледало. Не можете да ги скриете чувствата. Јас се убивав. Беше многу болно“, заклучила Кемпбел.

Наоми Кембел во 1999 година / Фото: EPA PHOTO NORDFOTO/BAX LINDHARDT

Кемпбел тврди дека главната причина поради која почнала да зема супстанци била траума од детството. Имено, познатата манекенка пораснала без нејзиниот татко кој ја напуштил нејзината мајка додека таа била бремена.

„Многу работи потекнуваат од моето детство, многу прашања… Да речеме – кога не го познаваш татко ти или не ја гледаш мајка ти. Тоа носи многу различни чувства. Едно од тие чувства е бесот. Тоа е манифестација на подлабоки проблеми. Мислам дека се заснова на несигурност, ниска самодоверба и осаменост“, објасни таа.

Патем, „The Super Models“ е нов документарен филм на „Епл Ти-ви“ за успешните кариери на моделите Наоми Кемпбел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Кристи Тарлингтон.

Ја живеат својата нова младост: Познати дами кои докажуваат дека вистинската забава започнува во вашите 50-ти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот