Наместо солзи – КРИСТАЛИ: Лекарите зачудени, не знаат што е причината (ВИДЕО)

Една жена од Ерменија буквално лее кристали наместо солзи, па не чуди што и докторите се изнанадени со оваа состојба и никој сè уште не може да ѝ постави дијагноза.

Сатеник Каразиан (22) пред два месеца почнала да ги чувствува првите симптоми.

Сега таа „произведува“ 50 кристали дневно, а неколку офталмолози не можеле да ѝ постават дијагноза.

„Секој ден поминувам низ пекол“, признала девојката додавајќи дека некои доктори не ѝ верувале, а други ѝ препишувале антибиотици кои немале врска со нејзината состојба.

Еден од најголемите стручњаци по офталмологија ги пратил кристалите од нејзините очи на анализа за да се утврди дијагнозата која сè уште е непозната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот