Наместо обезбедување попусти за Black Friday, на 26 ноември под слоганот „Giving is the new black”, dm ги заменува попустите со хуманитарна донација!

Да придонесеме заедно, да го кренеме гласот против семејното и насилството врз жените / dm

Трета година по ред го менуваат трендот!

Водени од филантропскиот принцип, кој е длабоко вкоренет во нашата компанија, ќе се стремиме да ја искористиме нашата позиција на пазарот за создавање на подобро место за живеење за сите нас.“ – вака гласи една изјава од компанијата dm дрогерие маркт, а дека ова не се само празни зборови, покажуваат по којзнае кој пат активностите кои компанијата ги презема на дело.

Оваа година dm донираа 5% од вкупниот промет остварен на овој ден од сите свои дрогерии, на националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство ,,Глас против насилство’’. Мисијата на мрежата е справување со проблемите на насилство врз жените и семејно насилство.

Минатата година, со помош на своите купувачи и фанови, преку акцијата за Black Friday, dm донираше 750 пакети со храна за социјално-загрозени сограѓани, а во 2019, кога за прв пат се организираше оваа акција беа вложени 300.000 денари во обнова на медицинските апарати во Клиничкиот центар во Штип.

Затоа, сите вие кои сакате да направите добро дело, ве покануваме да се приклучите кон оваа кампања на dm со пазарување во нивните дрогерии во петок, на 26 ноември и да придонесете заедно да го кренеме гласот против семејното и насилството врз жените.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот