Топло време / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Најтопло утрово во Гевгелија и Дојран, измерени 22 степени

Најтопло утрово е во Гевгелија и Дојран со 22 степени, а најстудено е во Лазарополе каде се измерени шест степени.

Како што соопшти УХМР, до 8:30 часот осум степени се измерени во Маврови Анови, девет во Берово и Попова Шапка, 11 во Претор, Тетово, Крива Паланка и Охрид, 12 во Скопје-Петровец, Битола, Дебар и Крушево, 13 во Прилеп, 14 во Куманово и Виница, 15 во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Штип и 16 степени во Струмица, Кавадарци и Велес.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Охрид, два литри на метар квадратен.

Во текот на ноќта времето беше ведро, а само во југозападните делови имаше појава на мала до умерена облачност. Утрово насекаде е сончево, наместа со слаб ветер од променлив правец.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во крајните јужни делови од земјата ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот