Тамара Калиниќ со свршеникот Филипо Теста/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Најпознатата српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ се мажи за познат Италијанец: Откри дека е во голема дилема

Најпознатата модна инфлуенсерка во Србија, Тамара Калиниќ, долго време не сакаше да го претставува својот партнер во јавноста, иако самиот е добро познато лице во светот на модата.

Јавноста дозна за него откако тој ѝ предложи брак во 2023 година на брегот Амалфи.

Тамара Калиниќ и Филипо Теста на Амалфи каде што ја запросил/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Оттогаш, нејзината венчавка со Италијанецот Филипо Теста беше само прашање на време, а Тамара сега откри дека тоа ќе се случи оваа година. Како што неодамна изјави за српските медиуми, свадбената церемонија ќе биде организирана во странство, но имаат желба да ја прослават на некаков начин и во Србија.

Тамара сега го покрена прашањето за промена на презимето на социјалните мрежи, објаснувајќи дека е во голема дилема.

– Наскоро се мажам и прашањето што се наметнува е дали треба да го земам презимето на мојот сопруг? Никогаш не размислував за сите различни факти што би влијаеле на ова прашање. Моето презиме е доста поврзано со мојата работа. Тоа е дел од личното брендирање. Освен тоа, во моето семејство имаме две девојки, јас сум помладата, последната со моминско презиме. Исто така, кога ќе имаме деца, се надевам дека ќе го имам истото презиме како нив, кое очигледно ќе го носат презимето на таткото. Но, покрај тоа, многу ми се допаѓа моето презиме со она на Филипо, што влегува во игра – рекла Тамара и додала дека во Италија, каде што живее, жените не го земаат презимето на својот сопруг:

– Но, моето моминско презиме е нешто што длабоко ме поврзува со моите корени и со тоа од каде потекнувам, и не сакам туку-така да се изгуби. Освен традицијата и она што се правеше порано, навистина размислувам. Инаку, сега живеам во Италија каде што жените не го земаат презимето на својот сопруг, дури и мојата свекрва во минатото го задржала своето моминско презиме – рекла Тамара Калиниќ.

Тамара Калиниќ и Филипо Тесто/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Тамара и Филипо живеат во Милано, а претходно живееја во Париз.

 

ФОТО+ВИДЕО | Изгледа како милион долари: Најпознатата српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ ја покори Венеција во проѕирен фустан! 

ФОТО | Ѕирнете во луксузниот стан на најпознатата српска инфлуенсерка во светот Тамара Калиниќ! Ќе ви го одземе здивот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот