Најпознатата плус сајз манекенката ги објави првите фотографии од новородениот син (ФОТО+ВИДЕО)

Две ипол недели откако на свет го донесе своето прво дете, Ешли Грејам објави црно-бели фотографии од него.

На социјалните мрежи сподели две фотографии на кои ја држи раката на своето дете, кое го роди на 18-ти јануари, во 18 часот, а сега открила уште некои детали освен дека детето на породувањето тежело 3316 грама.

„Запознавањето на нашиот син нѝ ги исполни срцата“, додала таа и напоменала дека повеќе детали ќе открие во поткастот „Pretty Big Deal“. Како што вети, така и направи, па така таа сподели и видео во кое заедно со сопругот ја раскажаа целата ситуација и ги открија своите емоции.

Најпознатата плус сајз манекенка на светот детето го добила со сопругот Џастин Ервин со кој е во брак 9 години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот