Најпосакуваниот ерген од СДСМ се жени: Со Марија до небото и назад

Еден од најпосакуваните ергени во владејачката партија, портпаролот и пратеник Костадин Костадинов ја запроси својата девојка Марија и радосната вест ја сподели на Фејсбук, постирајќи фотографија од раката на својата свршеничка на која блеска златен прстен.

-Животот ми овозможи да те запознаам, Бог пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе.Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам. Од овде до небото и назад“ , напиша Костадинов на својот профил на Фејсбук.

Животот ми овозможи да те запознаам, Бога пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со…

Posted by Kosta Kostadinov on Thursday, January 14, 2021

Објавата на Костадинов собра многу честитки на ФБ, а пред верената двојка останува одлуката како и кога овој среќен момент ќе го одбележат со оглед на тоа што рестриктивните мерки поради пандемијата се уште се на сила.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот