Најновиот руски напад е доста загрижувачки, вели францускиот министер Бон

Клемент Бон
Клемент Бон / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Францускиот министер за европски прашања Клемент Бон рече дека Европската унија мора да остане цврста додека руските напади во Украина се интензивираат, додавајќи дека е премногу рано да се проценат последиците од пожарот што избувна во близина на најголемата нуклеарна централа во Европа, јави Ројтерс.

„Може да се види како нападите се интензивираат, што е крајно загрижувачки и сериозно“, им рече Бон на новинарите при пристигнувањето на состанокот на министрите за европски прашања на ЕУ во Арл, јужна Франција.

Пожарот што избувна во зграда за обука во близина на најголемата нуклеарна централа во Европа за време на интензивните борби меѓу руските и украинските сили е изгаснат, соопшти во петокот украинската државна служба за вонредни состојби.

Американскиот министер за енергетика Џенифер Гранхолм рече дека нема индикации за зголемено ниво на радијација во централата Запорожје, која обезбедува повеќе од една петтина од вкупната електрична енергија произведена во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот