Најмалку четворица загинаа во разорниот земјотрес во Турција

Најмалку четворица мртви и двајца повредени е првичниот биланс од силниот земјотрес во Турција.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу потврди дека досега четри лица го загубија животот во силниот земјотрес што ја погоди Источна Турција, додека двајца лица се повредени.

-Во Сивириџе има 4-5 урнати згради. Четири лица го загубија животот, двајца се повредени. Во Елазиг 10 згради се оштетени- рече тој.

По силниот земјотрес од 6.8 степени следува и неколку други удари но со помала магнитуда. Многу луѓе во страв и во паника ги напуштиле своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот