Затвор во Венецуела / Фото EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ

Најмалку 60 политички затвореници ослободени за Божиќ во Венецуела

Најмалку 60 лица кои беа затворени по претседателските избори во Венецуела во 2024 година, чии резултати ги оспорува опозицијата, беа ослободени на Божиќ, соопшти  невладина организација во која членуваат активисти за човекови права и роднини на политички затвореници, пренесува Ал Џезира.

Сите ослободени беа уапсени во услови на политичка криза предизвикана од реизборот на Николас Мадуро за трет мандат во јули 2024 година. Опозицијата во тоа време ја осуди измамата.

Откако Мадуро беше прогласен за победник на изборите, беа организирани протести што доведоа до апсење на околу 2.400 лица, кои самиот претседател ги опиша како „терористи“. Оттогаш се ослободени повеќе од 2.000.

Околностите под кои 60-те лица беа ослободени остануваат нејасни. АФП не доби одговор од Министерството за правда.

Роднините изјавија дека ослободените лица издржувале казни во затворот со максимална безбедност во Токорон, во државата Арагва, на околу 134 километри од Каракас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот