Најмалку 17 лица загинаa во израелски воздушен напад врз јужниот дел на Газа, преговорите за прекин на огнот без резултати

Појас Газа

Најмалку 17 лица загинаа во воздушен напад што израелската армија го извршила денеска врз градот Кан Јунис во јужна Газа, соопштија палестинските власти.

Преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас завршија без напредок. Блиската европска болница соопшти дека примила 17 тела во текот на ноќта.

Во соопштението на израелската војска се наведува дека извршила целни напади врз милитантната инфраструктура во Кан Јунис додека се обидувала да ги евакуира цивилите од областа.

Вкупниот број на загинати Палестинци во војната се искачи на 30.631, според Министерството за здравство на Газа кое е под контрола на Хамас. Повеќе од 72.000 луѓе се ранети.

Во меѓувреме пропаднаа напорите за прекин на огнот во Појасот Газа до муслиманскиот празник Рамазан. Израел опстои во своите барања Хамас да испрати список со имиња на преживеаните израелски заложници, што до почетокот на преговорите не го доби. Не испрати делегација во Каиро, а не одговори ниту на презентираниот предлог на Хамас. Наместо прекин на огнот, Тел Авив излезе со сериозни обвинувања за Организацијата на Обединетите нации задолжена за поддршка на палестинските цивили на Блискиот Исток. Тврдат дека над 450 вработени во организацијата биле членови на милитантните групи во Појасот Газа. Објавија пресретнати разговори, за кои велат дека јасно ја покажуваат вмешаноста на хуманитарците во нападот на Хамас врз Израел на 7-ми октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот