Најконтроверзниот соработник на Путин – Подготвен е на се и затоа е негова десна рака! Ова е неговата работа…

Во американските дипломатски кругови го нарекуваат „сивиот кардинал на Кремељ“ и човекот кој носи многу маски. Тој е „автор“ на политичкиот систем на Путин и креатор на концептот за суверена демократија, а пред се е близок соработник на Владимир Владимирович Путин и еден од неговите најблиски соработници. Неговото име е Владислав Јурјевич Сурков.

Оспоруван во самата Русија поради своите либерални ставови, а уште повеќе обвинуван од страна на Западот поради својата улога во враќањето на моќта на Русија на светската политичка сцена, Сурков е еден од најконтроверзните советници на Путин.

Кога во 2013 година поднесе оставка Западот славеше, но Сурков се врати посилен и повторно стана еден од клучните играчи во рускиот државен врв.

Неговите авторски тестови „Национализација на иднината“ и „Долготрајната држава на Путин“ предизвикаа бес и паника на Западот, а тој се најде на удар од западните медиуми.

Во се повеќе земји се објавуваат неговите книги во кои преку своите текстови Сурков и дава долгорочна визија на Русија и го анализира судирот со Западот, односно руската одбрана на сопствената сувереност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот