Фото: Скриншот/Јутјуб/Profimedia

Најголемите скандали во 2025 година: Од аферата на концертот на „Колдплеј“, до шокантните детали од судењето на Диди

Каква би била една година ако не се открие нечие изневерување, ако некој јавно не се разведе или не изговори нешто контроверзно?

Ниту 2025 година не помина без скандали за кои долго ќе се зборува. Дел од нив силно ја обележаа годината, а корисниците на социјалните мрежи со месеци коментираа токму за овие приказни.

Аферата на концертот на „Колдплеј“

Голем дел од јавноста се согласи дека видеото од концертот на групата „Колдплеј“ беше највиралниот момент на годината. За време на нивниот јулски настап во Бостон, бендот имаше сегмент во кој камерата ги прикажуваше посетителите, додека фронтменот Крис Мартин разговараше со нив.

Во еден момент, таканаречената „камера за бакнежи“ го улови Енди Бајрон, основач и извршен директор на технолошката компанија „Астрономер“, во прегратка со директорката за човечки ресурси, Кристин Кабот. Штом камерата се појави, двајцата се обидоа да се сокријат, но видеото експресно се прошири на социјалните мрежи.

Набргу потоа, двајцата добија отказ, а Кабот подоцна изјави дека од тој момент нејзиниот живот се претворил во вистинска ноќна мора.Ми

Контроверзните фармерки на Сидни Свини

Вториот голем јулски скандал беше поврзан со актерката Сидни Свини. Таа сними реклама за брендот „Американ игл“, промовирајќи фармерки со слоган кој предизвика бурни реакции поради игра на зборови поврзана со изгледот и генетиката.

Рекламата беше остро критикувана на социјалните мрежи, а актерката и брендот беа обвинети за промоција на еугенички идеи и проблематични пораки. Контроверзијата доби и политичка димензија откако рекламата јавно ја поддржа поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Свини подоцна изјави дека била изненадена од реакциите и нагласи дека едноставно рекламирала нешто што секојдневно го носи.

Сидни Свини во рекламата на „Американ игл“ / Фото: American Eagle / Planet / Profimedia

Скандалот на изборот за Мис Универзум

Иако во регионот вниманието беше насочено кон домашните претставнички, самото финале на 74. издание на изборот за Мис Универзум беше обвиено со сериозни контроверзии. Победи Фатима Бош од Мексико, но јавноста за неа најмногу слушна по инцидентот со висок функционер на организацијата, кој јавно ја навреди за време на церемонијата на доделување ленти.

По нејзината победа следуваа и тврдења дека целиот исход бил однапред договорен, а еден од судиите дури поднесе оставка непосредно пред финалната вечер.

Мис Универзум Мексико – 2025 – Фото: Lillian SUWANRUMPHA / AFP / Profimedia

Холивудската војна меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони

Филмот „Со нас завршува“ стана популарен не толку поради својата приказна, колку поради јавниот судир меѓу главните актери. Блејк Лајвли поднесе тужба против Џастин Балдони, обвинувајќи го за сексуално вознемирување, одмазда, кршење договори и нанесување емоционална штета.

Балдони возврати со тужба вредна стотици милиони долари, која подоцна беше отфрлена, но правната битка меѓу поранешните колеги продолжи и во текот на 2025 година, држејќи го Холивуд во неизвесност.

Блејк Лајвли и Џастин Балдони во филмот „Ова завршува со нас“ / Фото: Sony Pictures / Everett / Profimedia

Судењето на Диди

Еден од најмоќните луѓе во музичката индустрија, раперот и продуцент Шон Комбс, познат како Диди, беше осуден на четири години и два месеца затвор поради дела поврзани со проституција. Иако беше ослободен од потешките обвиненија за трговија со луѓе и рекетирање, против него и понатаму се водат повеќе граѓански постапки за сексуално злоставување.

Диди на една од своите забави / Фото: MPI122 / Capital pictures / Profimedia

Семејната драма на Бекам

Кон крајот на годината, семејството на Дејвид и Викторија Бекам се најде во центарот на вниманието поради нарушените односи со нивниот најстар син, Бруклин. Тој одлучи празниците да ги помине со сопругата Никол Пелц и нејзиното семејство во Мајами, а ги пропушти и низа важни семејни настани.

Напнатостите, кои наводно започнале уште во 2022 година, годинава кулминираа со јавно дистанцирање и дополнително ги подгреаја шпекулациите за сериозен раздор во едно од најпознатите семејства на светската јавна сцена.

ФОТО+ВИДЕО | Фатима Бош e новата Мис Универзум: Убавицата триумфираше и покрај скандалот во Тајланд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот