Најголемите секс афери, фудбалери кои им „набија рогови“ на соиграчи

Најжешката тема во Англија е секс скандалот кој го тресе Тотенхем откако медиумите открија дека Јан Вертонген имал афера со долгодишната партнертка на Кристијан Ериксен, Сабрина Квист Јансен.
Но, фудбалерите на Тотенхем не измислија нешто ново во фудбалот, и во минатото имало скандали во кои фудбалери спиеле со девојки, сопруги на свои соиграчи.

Иако, не се знае со сигурност кој е првиот фудбалер кој завел девојка или сопруга на соиграч, првата афера која ја открија медиумите е од 1960-тите години кога Хозе Алтафини, Бразилец кој играше за репрезентација на Италија, ја заведе Ана Марија, сопругата на соиграчот од Наполи, Паоло Барисон. Епилогот од првата секс афера е заминувањето на Барисон од Наполи, додека Ана Марија остана со Алтафини.

Желбата по убавите и зафатени жени, скапо ја плати напаѓачот на Сент Етјен, Жан-Франсоа Ларисо. Тој ја заврши репрезентативната кариера бидејќи и фрли око на сопругата на Мишел Платини, кој во тоа време беше најдобар француски фудбалер. Кога откри за аферата, Платини се погрижи името на Ларисо да биде избришано од патниците за Мундијалот во 1982 година.

Прочитајте и...  Каква шлаканица за Пеп и „граѓаните“, Лестер им пукна петарда среде Манчестер

Легендарниот капитен на Челси, Џон Тери, ги замеша прстите ви бракот на клупскиот колега Вејн Бриџ. Секс аферата на Тери и Ванеса Персонел беше кратка и траеше четири месеци, а фудбалерот мина без никаква казна. Единствено Бриџ одбиваше да се поздравува со Тери при поздравувањата на противничките екипи. Бриџ одлучи сам да се казни така што одби да биде дел од англиската репрезентација на СП 2010 година бидејќи во неа беше и Тери.


Тери не е единствен фудбалер од семејството кој беше склон на заведување на девојки и сопруги на соиграчи. Пол Тери е 13 години постариот брат на легендата на Челси кој беше професионален фудбалер во пониските англиски лиги. Пол како член на Редшен ја заведе сопругата на голманот Дејл Робертс кој кога дозна за аферата, се самоуби.

Прочитајте и...  ММА спектакл во Абу Даби, Адесања го нокаутира Коста (ВИДЕО)

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс е главниот актер во најголемата афера во англискиот фудбал. Тој не заведуваше сопруги на соиграчите, туку ја заведе сопругата на сопствениот брат. Рајан и Наташа дури осум години одржуваа тајна врска, а подоцна се откри дека славниот фудбалер пред да ја заведе Наташа се обидувал да ја заведе и нејзината мајка.


Кевин де Брујне и Тибо Куртоа кога беа соиграчи во Челси немаа добри односи бидејќи во центарот на несогласувањата беше девојката на Де Брујне, Каролин Лилиен. Таа кога откри дека нејзиното момче ја изневерува, одлучи да му се одмазди така што спиеше со Куртоа.


Рафаел ван дер Варт и неговата сопруга Силви беа една од најубавите двојки во светот на фудбалот. Но кога се откри дека Силви боледува од рак на дојката, веднаш потоа таа поднесе барање за развод. Причината за разводот беше нејзината најдобра пријателка, Сабија која беше сопруга на холадскиот репрезентативец Калид Буларуз, но имаше секс афера со Рафаел.

Прочитајте и...  Пеп Гвардиола конечно си најде дефанзивец, Диаш за 55 милиони евра се сели во Сити

Ванда Нара е најпозната менаџерка во светот на фудбалот. Таа е во брак со Мауро Икарди, но во 2012 година беше во брак со Макси Лопез. Во таа година и двајцата фудбалери беа соиграчи во Сампдорија. Но Икарди успеа да му ја „земе“ Ванда на Макси Лопез и двојката сега е во брак, а Ванда воедно е и менаџер на својот сопруг. Казната за преземањето на сопругата на својот сонародник е неиграњето за Аргентина, бидејќи Лионел Меси кој е добар пријател со Макси Лопез, лобира кај челниците на аргентината фудбалска федерација да не го повикуваат Мауро во националниот тим.

Прочитај повеќе

Ла Лига: На теренот нема проблеми за Барселона, ја потопија „жолтата подморница“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Серија А: Роналдо ја спаси „старата дама“ во Рим (ВИДЕО)

Слободен печат

Филмска приказна за ММА шампионот: Го малтретираа на училиште, а сега тој им се смее на Фејсбук

Слободен печат

РОЛАН ГАРОС: Финалистот од Рим му препушти само четири гема на Кецмановиќ

Слободен печат

Мурињо во елемент по лакрдијата со ВАР, легенда на Ливерпул бара негово укинување

Слободен печат

Елмас и Наполи ги уништија Пандев и Џенова (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Каква шлаканица за Пеп и „граѓаните“, Лестер им пукна петарда среде Манчестер

Слободен печат

Шоу на Суарез, два гола на дебито за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Слободен печат

Европскиот шампион демолиран од Хофенхајм, прими четири парчиња (ВИДЕО)

Слободен печат

Идентични триумфи на скопските и тетовските „црвено-црни“

Слободен печат

МОТО ГП: Квартараро ја „покори“ Каталонија

Слободен печат

Лидс и Алиоски се фантастични во Премиер лигата, го зедоа скалпот и на Шефилд

Слободен печат