Најголемите балкански рок и поп-ѕвезди гости на концертот на Жељко Самарџиќ кој е пред распродавање

Фото: Промо

Само неколку дена нè делат до големиот концерт на Жељко Самарџиќ, каде што на сцената во „Арена Борис Трајковски“ на 13 април ќе одржи концерт заедно со пријателите.

Со своето долгогодишно творештво, Жељко Самарџиќ се запиша на самиот врв на најценетите музички уметници. Интересот да се слушне во Скопје е огромен, па воопшто не е зачудувачки што концертот е скоро пред распродавање. Овој музички настан ветува ноќ исполнета со неповторливи музички чуда, а Самарџиќ ќе биде придружуван од гудачки оркестар.

Кога тој ќе настапи на сцена и ќе отпее некоја љубовна песна од неговата колекција безвременски хитови, едноставно никој не може да остане имун. Концертот на 13 април, нема да биде како ниту еден друг досега, а публиката може да очекува вистински спектакл со времетраење од 2 часа или пак нешто повеќе, Жељко Самарџиќ и пријателите , плус многу специјални гости.

Присутните ќе имаат ретка можност на иста сцена да ги слушнат и видат најдобрите музички ѕвезди од рок и поп-музиката, дел од нив со убедливо најуспешни интернационални кариери, соработници, но и големи пријатели на Самарџиќ.

Концерт кој нема да има реприза и можност која не смеете да ја пропуштите. Затоа, на календарот заокружете го датумот 13 април и подгответе се за музичко уживање.

Преостанатите влезници се достапни за купување онлајн на www.kupikarta.com

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот