Најголемиот крокодил во светот наполни 120 години, на научниците им нуди нови сознанија за долговечноста

Фото: Pexels/ Pixabay

Крокодилот Касиус, кој уште од 2011 година е прогласен за најголем крокодил во светот, во заробеништво, наполни 120 години, пишува „Лајв сајенс“ (Live science).

Крокодилот, кога го заробиле во 1984 година, во паркот „Маринленд“, Австралија, било проценето дека е на возраст од околу 30 до 80 години. Неговата должина во тоа време изнесувала дури 5,13 метри, па бил запишан во Гинисовата книга на рекорди како најголем крокодил во светот.

„Имаше должина од 5,13 метри, а најмалку 15 сантиметри му недостасуваа од опашката и муцката. Тој уште тогаш беше голем стар крокодил. Крокодилите со таа големина не се нормални“, изјавил Греам Веб, истражувач на крокодили кој учествувал во фаќањето на крокодилот.

По речиси 40 години, крокодилот сè уште живее во паркот „Маринленд“, Австралија, а неговата долговечност им дава нова надеж и сознанија на научниците.

Негувателите во паркот велат дека, иако се работи за возрасна единка, крокодилот Касиус сè уште има многу енергија и секогаш е спремен за интеракција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот